ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Братство од Житоше ги започна подготовките за историскиот настап во Втората лига – Исток

Новиот член на Втората лига – Исток, екипата на Братство од Житоше која за првпат ќе се натпреварува во второлигашкото друштво од вчера и официјално ги започна подготовките за новата сезона.

Братство минатата сезона заврши на второто место на табелата во Третата лига – Југ, а во баражот со Хоризонт Турново беше подобар со минимални 1:0 на Градскиот стадион во Штип и на тој начин стигна до ВМФЛ – Исток.

Клубот од Житоше ги закажа и контролните натпревари, ќе се тестира на шест натпревари против второлигашки екипи, а во следниот период треба да бидат објавени и првите засилувања на Братство.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!