Европски ФудбалФудбал

ФОТО: Братот на Килијан Мбапе потпиша со ПСЖ до 2024 година

Друг Мбапе пристигна на „Паркот на принцовите“, бидејќи братот на Килијан, Итан, денес потпиша договор со ПСЖ.

Итан има само 14 години, но тој е голем фудбалски талент, па парижаните не сакаа да ризикуват и да го загубат, па потпишаа договор на три години.

Тој потпиша договор со ПСЖ до летото 2024 година, а во иднина ќе видиме дали ќе го достигне нивото на неговиот брат, што ќе биде исклучително тешко. Исто така, треба да се каже дека е многу можно потписот на братот да е еден од начините на кои раководството на ПСЖ сака да го задржи Килијан во клубот, бидејќи тој сè уште не сака да потпише нов договор.

Актуелниот му истекува во летото 2022 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!