ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Борец утрово замина на подготовки во Анталија

Велешкиот прволигаш Борец утрово замина на десетдневни подготовки во турскиот туристички центар Анталија каде ќе ја реализира следната фаза наменета за воигрување на тимот и одигрување пријателски натпревари.

Во Анталија Борец ќе одигра четири пријателски натпревари. Новост во тимот е засилувањето Октај Ракипи кој доаѓа од Шкендија и Гордан Здравков нов член во стручниот штаб.

Борец пред заминувањето за Анталија имаше проверка против тимот на Македонија Ѓорче Петров и истиот го доби со убедливи со 4:0, со головите на Нехар Садики, Џемаил Ибрахимовиќ, Александар Ѓоргиевски и Крста Ѓорѓевиќ.

Екипата на Борец есенската полусезона во ПМФЛ ја заврши на претпоследното место на табелата со 12 бодови, а во пролетниот дел ја очекува тешка борба за опстанок во прволигашкото друштво.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!