ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Борец се засили со Милош Рниќ и Данило Радјен, а доби и нов тренер на голманите

Велешки Борец денес промовираше две нови засилувања за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Милош Рниќ и Данило Радјен се нови членови на македонскиот прволигаш.

28-годишниот Рниќ треба да биде големо засилување меѓу стативите на нашиот клуб. Искусниот голман на својот грб има десетодишно искуство, бранејќи во повеќе тимови од Србија, а во Велес се сели од редовите на Нови Пазар.

Радјен, пак, треба да биде освежување во дефанзивата. 27-годишниот Србин со американски пасош по неколкугодишните настапи во САД, пред две сезони се пресели во Србија, од каде преку Телеоптик и Бачка оствари трансфер во нашиот клуб.

Нов тренер на голманите е Бојан Димковски кој доаѓа од редовите на Вардар.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!