ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Борец ги започна подготовките со нови засилувања под водство на Ристиќ, договорени и пријателски натпревари

Велешки Борец вчера ги „запали моторите“ за новата сезона од единствената Втора македонска фудбалска лига под водство на Хаџи Стефан Ристиќ, како што ексклузивно најави Спортска Мрежа пред неколку денови.

Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен

Како што веќе претходно објавивме Ристиќ ќе биде генерален директор на клубот, а ќе биде и привремено решение шеф на стручниот штаб во сезона во кој Борец ќе атакува на влез во Првата македонска фудбалска лига.

Како што дознава Спортска Мрежа нови играчи на Борец се Давид Спасовски, Милан Чичевски, Иван Мицевски и Борче Сркески.

ФОТО: Спортска Мрежа

20-годишниот Спасовски доаѓа од Тетекс, има настапувано за Кадино, а потекнува од школата на Работнички. Чичевски има 27 години и е повратник во Борец, доаѓа од редовите на радовишки Детонит, а има настапувано и за Локомотива од Градско, Каменица Саса, Вардар Неготино, Тетекс, Еуромилк ГЛ и Металург.

22-годишниот Сркески во Велес пристигнува од прилепска Победа, тој е поранешен фудбалер на Големо Коњари, Росоман, Питу Гули, Академија Пандев, а потекнува од школата на Победа.

Мицевски кој има 19 години доаѓа од Вардар, а претходно беше фудбалер на Осогово, Академија Пандев и Скопје.

Во првиот тим се приклучуваат и младите Мики Ракиџиев (доаѓа од Борец Академија) и Гоце Гоцевски и Александар Буковски кои во паќет доаѓаат од Академија Насев.

Според информациите на Спортска Мрежа голем број на фудбалери се на проба во Велес.

Првиот пријателски натпревар се игра на 9. јули против Трајал Крушевац (се игра во Пехчево), потоа следи текст со Каменица Саса закажан за 23. јули (се уште не е договорено местото на одигрување на мечот), на 30. јули ќе се игра против Локомотива Пехчево (во Велес), а пак на 3. август е тестот против Кожуф (во Охрид).

Како што дознава Спортска Мрежа ќе бидат договорени уште неколку пријателски натпревари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!