ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Боби Стојкоски е нов тренер на Кадино, на подготовки во Словенија и Австрија

Второлигашот Кадино кој минатата сезона одигра одлично и заврши во безбедниот дел од табелата, односно на шестото место ги започна подготовките за новата сезона од Втората лига – Запад.

Во новата сезона кормилар на Кадино ќе биде Боби Стојкоски кој доаѓа од редовите на Кораб од Дебар.

Кадино припремите ги започна на домашниот терен, а пред крајот на месец јули екипата ќе замине на припреми во Словенија за каде се планирани и неколку контролни натпревари, по што Кадино ќе се пресели и во Австрија. Во Виена е планиран пријателски натпревар со екипата на WAF Brigittenau, по што ќе следува враќање во Македонија.

Моментално екипата располага со 35 фудбалери од младинските школи на нашите прволигашки екипи, а се преговара и со неколку поискусни играчи.

„Нашиот клуб за почеток ги започнува припремите дома, потоа пред крај на месецот ќе заминеме на припреми во Словенија каде ќе одиграме неколку пријателски средби, потоа заминуваме и до Австрија каде ќе одиграме во Виена исто така пријателски натпревар против екипата на WAF Brigittenau, потоа се враќаме и се подготвуваме за почетокот на сезоната. Моментално во нашиот клуб имаме 35 фудбалери од младинските школи на нашите прволигашки екипи, а се преговара и со неколку поискусни фудбалери. Оваа сезона предводник на нашата екипа ќе биде Боби Стојкоски“ за Спортска Мрежа изјави претседателот на клубот Ивановски Борче.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!