ФОТО: Биди и ти дел од Малеш – пуштени полусезонските билети!

Третолигашот Малеш кој е најсериозен кандидат за влез во Втората лига – Исток, од денес во продажба ги пушти полусезонските билети за пролетната полусезона од Третата лига – Исток.
„Овие карти воедно се и ваучери за помош, односно финансиска инекција за третолигашот од Берово. Се’ уште нема официјална информација кога би се дозволила публика на стадионот, но се надеваме дека во блиска иднина на навивачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпревари и да ги бодрат своите клубови. Овој билет претставува и ваучер за помош на клубот, мора да бидеме стрпливи, нормално сите сакаме „Иљовите Внуци“ да се вратат на стадионот „Димитар Беровски“, но мораме да имаме сите разбирање за моменталната пандемиска ситуација која ги зафати сите сфери за нормално живеење“, велат од Малеш и додаваат:
„Без разлика да ќе дозволат публика, со овој полусезонски билет, Вие директно учествувате во подобрувањето на финансиската структура на клубот, односно директно помагата на фудбалерите да се подобар условите за тренинг и да се снабди потребната фудбслакта опрема за нормално функционирање на нашиот клуб.“

Полусезонскиот билет може да се набави на следните продажни места: „Трафика Гани“, „Life Caffe“ и „Refresh Caffe“.
Инаку Малеш доби најголем ваучер од АМС од сите третолигаши на Истокот во вредност од 300.000 денари.