Европски ФудбалФудбал

ФОТО: Бесните навивачи на Евертон му оставија порака на Бенитез: „Знаеме каде живееш, не потпишувај“

Рафаел Бенитез, шпанскиот стручњак е главниот кандидат за клупата на Евертон, но навивачите веќе му соопштија дека не е добредојден на „Гудисон парк“.

Сопственикот на Евертон, Фархад Мошири е убеден дека Шпанецот е најдобриот можен избор за клупата на „карамелите“, но навивачите не го делат неговото мислење.

Бесните навивачи на клубот од „Гудисон Парк“ оставија порака во близина на куќата на Бенитез со натпис „Знаеме каде живееш. Не потпишувај.“

Навивачите на Евертон не го сакаат шпанскиот стручњак на клупата, бидејќи тој го водеше нивниот најголем ривал Ливерпул шест години, со кого ја освои и Лигата на шампионите.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!