ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Бесарт Ибраими за висок триумф на Струга, Победа “потона” покрај езерото

Струга Трим Љум со убедлив триумф ја отвори новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, откако покрај Охридското Езеро со убедливи 3:0 ја “потопи” прилепска Победа на крилата на Бесарт Ибраими, кој беше двоен стрелец.

Прилепчани имаа сили само за едно полувреме, а пред заминувањето на одмор, Ибраими ја стресе мрежата за водство на стружани од 1:0.

Во вториот дел, првиот стрелец во новата сезона во ПМФЛ, Бесарт Ибраими ја дуплираше предноста на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Фатјон Јусуфи.

Утре ќе се одиграат уште два натпревари, Силекс ќе биде домаќин на Работнички, а пак Академија Пандев на Брегалница.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!