ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Беса Влазрими подобра од Овче Поле на пријателски натпревар

Вчера во Свети Николе се одигра пријателски натпревар помеѓу третолигашите Овче Поле и Беса Влазрими, кој заврши со триумф од 2:3 за гостинската екипа.

Стрелци за екипата на Овче Поле беа Марио Панев и Берти Стојановски, додека пак за Беса двоен стрелец беше Шуајб Красниќи, а еден гол беше дело на Харун Касуми.

Минатата сезона екипата на Овче Поле беше шампион во Трета лига – Исток и играше бараж за влез во Втора лига, кој убедливо го загуби од Арсими. Екипата на Беса Влазрими минатата сезона не се натпреваруваше од причина што цела Трета лига – Север беше на „пауза“ поради протоколите за заштита од Ковид-19, иако останатите четири третолигашки региони се натпреваруваа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!