ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Беса од Добри Дол промовираше ШЕСТ нови засилувања

Беса од Добри Дол е нов член на Втората лига – Запад, откако екипата заврши на првото место во Третата лига – Запад, а во баражот беше подобра од Фортуна.

Екипата се подготвува за настап во ВМФЛ – Запад, а во претходните денови беа промовирано шест нови засилувања. Седат Бериша, Алмир Реџепи, Владимир Жоглев, Валон Незири, Арлинд Алити и Хакан Лимани.

Беса интензивно работи на градењето на екипата за новата сезона, а со овие засилувања екипата добива многу на квалитет и ќе биде конкурентна во новата сезона за атак на1 врвот од табелата.

31-годишниот Бериша во Беса доаѓа од редовите на косовска Трепча, а во својата кариера има настапувано и за Струга Трим Лум, Влазнија од Албанија, Шкупи, Ал Јахра во Кувајт, Шкендија и Металург.

Младиот Реџепи кој има 20 години во Беса доаѓа како позајмен играч од тетовска Шкендија која е актуелен шампион на Македонија во Првата лига. Реџепи во својата кариера покрај за Шкендија има настапи и за Гостивар и кичевски Велазерими.

Жоглев во Беса доаѓа од редовите на новиот прволигаш Скопје, во својата кариера 22-годишникот има настапувано и за прилепска Победа, потоа кочански Осогово, Победа од Валандово и Маџари Солидарност.

27-годишниот Незири во Беса пристигна од редовите на Кораби од Дебар. Во својата кариера Незири покрај за Кораби има настапувано и за Ренова, Велазерими, Гостивар и Врапчиште.

Младиот Алити во редовите на Беса доаѓа од екипата на Шкендија, а во својата кариера има настапи и за Ренова, Струга Трим Лум, Белазрими и Дрита. Младиот играч кој има прволигашко искуство ќе има голем допринос во екипата на Беса.

Лимани во Беса доаѓа од Гостивар, а овој 25-годишен фудбалер во својата кариера покрај за второлигашо Гостивар има настапи и за Вардар Форино.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!