ЕУРО 2020Фудбал

ФОТО: Бензема е подготвен за дербито со Германија

Фудбалерот на француската репрезентација, Карим Бензема изјави дека целосно се опоравил од повредата и дека е подготвен за мечот со Германија.

Бензема се повреди на почетокот на неделата на пријателскиот натпревар против Бугарија. Тој ја напушти играта на средината на првото полувреме, но по деталните прегледи беше утврдено дека повредата на бутниот мускул не е од посериозна природа.

„Сè оди многу добро. Вчера тренирав со соиграчите. Мина добро – немаше болка и непријатност. Подготвен сум 100 проценти“, изјави Бензема.

Франција и Германија во вторник (21:00 часот) ќе го одиграат својот прв натпревар на Европското првенство во Минхен.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!