ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Беласица закажа седум контролни натпревари

Струмичкиот второлигаш Беласица закажа седум контролни натпревари преку кои ќе ја темпира формата за пролетните предизвици во Втората лига – Исток.

>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<

Првиот текст се игра веќе денес против Академија Пандев, четири дена подоцна против екипата од Нигерија J Star Malick, а пак за на 26. јануари е закажана контролка против Слога од Виница. На 30. јануари Беласица ќе се тестира против Кожуф од Гевгелија, на 2. февруари следува контролка со главниот конкурент за Прва лига екипата на Победа, четири дена подоцна против Кит Го и генералка против Вардар.

Беласица во пролетниот дел заедно со Победа, Слога и Каменица Саса ќе се бори да обезбеди место во Прва лига и со тоа да направи експресен кам-бек во елитата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!