ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Беласица со триумф во Гевгелија, Слога со цел плен против Победа која загуби со автогол во самиот финиш!

Беласица дојде до голема победа и три бодови во Гевгелија, откако со 1:2 славеше над Кожуф. Младиот голгетер Васил Крстев во 23. минута донесе водство за Беласица од 0:1 на полувреме. Во вториот дел Кожуф правеше притисок за да дојде до брзо израмнување, Стефан Терзиев успеа да ја погоди мрежата на Николоски за 1:1 во 82. минута. Само шест минути подоцна „џокерот“ од клупа Васко Глигоров ја стресе мрежата на Картов за голема победа на Беласица од 1:2.

Слога го има најдобриот старт од сите второлигаши на Истокот, фудбалерите на Кузманов денес забележаа нов голем триумф над прилепска Победа од 2:1. Само три минути од старот на натпреварот во Виница резултатот беше отворен со гол на Христијан Митревски за водство на домашните од 1:0. Победа брзо успеа да дојде до 1:1, откако Бојан Спиркоски погоди во 21. минута. Во самиот финиш од мечот, во последните секунди Марио Дебрешлиоски си постигна кобен автогол со што трите бодови останаа во Виница, а Слога е лидер на Истокот.

Кит Го на „Могила“ без милост го декласираше Братство од Житоше со високи 0:4. Избраниците на Сенев одиграа одличен натпревар и сосема заслужено во Пехчево се враќаат со цел плен. Михаил Милевски во 10. минута постигна гол за водство од 0:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Кит Го беше далеку подобар. Во 68. минута Зоран Андонов ја погоди мрежата на Димоски за 0:2, само шест минути подоцона Леон Цуцковски зголеми на високи 0:3. Во 84. минута по четврти пат капитулираше Жарко Димоски, а стрелец на конечните 0:4 беше младиот Бобан Ангелов.

Каменица Саса на домашен терен дојде до минимална победа од 1:0 над Детонит, стрелец на единствениот победнички гол беше Ненад Нешовски постигнат во 25. минута.

Локомотива дојде до прв историски бод во новата сезона од Втората лига – Исток, откако на гостински терен во Кочани одигра 2:2 против Осогово. Домашната екипа дојде прва до водство со гол на капитенот Тоше Манов во 59. минута, а три минути подоцна Екрем Мемеди зголеми на 2:0. Локомотива успеа брзо да се врати резултатски, откако во 65. минута Милан Чичевски постигна гол и намали на 2:1, а во 92. минута Бесмир Даци ја погоди мрежата на Иванов за конечни 2:2.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ИСТОК

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!