ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Беласица означи старт на подготовките за пролетниот дел од сезоната

Второлигашот Беласица од Струмица означи старт на подготовките за новата сезона во Втората фудбалска лига – Исток.

Струмичките фудбалери првата фаза од припремите ќе ја одработат во Струмица, додека пак за втората фаза можна е преселба на 10-дневни подготовките.

Планирано е да се одиграт 6 подготвителни натпревари, а првиот натпревар е закажан за 18. јануари против Академија Пандев.

Екипата после вчерашниот тестирања денес од одработи првиот тренинг. На прозивката на тренерот Стојанов се појавија скоро сите играчи од првата полусезона кои го понесоа поголемиот товар, а ослободени се играчите кои имаа помала минутажа.

Беласица есенската полусезона ја заврши на четвртото место на табелата, а во пролетниот дел ја чека тешка борба во битката за експресен кам бек во елитата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!