ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Беласица ја освои Виница, Гостивар прв го „сруши“ Вардар, Воска застана на врвот

Денес беа одиграни натпреварите од 9. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Беласица конечно победи, откако на гостувањето во Виница со 1:2 славеше над Слога. Први до водство стигнаа домаќините со голот на Октај Амедов во 44. минута од мечот. Во вториот дел Беласица направи пресврт, откако најпрво Александар Коцев во 77. минута израмни на 1:1, а пак Александар Милушев направи пресврт за конечни 1:2. Струмичката гордост запиша многу важен триумф за прогрес на табелата.

Дербито на колото го играа кандидатите за Прва лига, Гостивар со 1:0 го доби Вардар, кој по првиот сезонски пораз го загуби лидерското место на табелата. Стрелец на победничкиот гол беше Каланоски, кој погоди во 16. минута од мечот. Сега, нов лидер е непоразената Воска Спорт, која со убедливи 4:0 го декласираше Тетекс. Хет-трик за новиот лидер постигна Абдулвахит Мурати, а пак третиот гол беше дело на Илбер Бекири.

Пелистер прокнижи три бода, откако во Велес со 0:4 славеше над Борец, додека пак Детонит Плачковица ремизираше 1:1 на гостувањето во Струга со Караорман.

Охрид стигна до четврта победа во низа, откако со 0:1 славеше на гостувањето кај Локомотива со голот на Костовски, Беса со 3:0 го доби Кожуф, новиот тренер на гевгеличани со пораз дебитираше на клупата. Хет-трик за Беса запиша Фитон Адеми. Саса запиша важен триумф од 1:0 над Арсими, со голот на Стојов.

Нов лидер на табелата е екипата на Воска Спорт со 23 бода, пред Вардар со 22 и Гостивар со 21 бод.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!