ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Беласица ги започна подготовките, најавува експресно враќање во елитата!

Струмичка Беласица денес ги започна подготовките за новата сезона од Втората лига – Исток. Струмичани минатата сезона завршија на последното место во Првата лига и се преселија во понизок ранг на натпреварување.

Како и претходно што информиравме, екипата ќе биде составена претежно со фудбалери од струмичкиот крај дополнително засилена со уште неколку квалитетни играчи.

Александар Стојанов е новиот тренер на Беласица, а клубот најавува експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Инаку, Беласица ги закажа контролки и ќе се тестира против Детонит, Кожуф, Борец, Каменица Саса и Кит Го.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!