ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Беласица ги закажа контролните натпревари

Второлигашот Беласица од Струмица ги закажа контролните натпревари преку кои ќе ја темпира формата за новата сезона од Втората лига – Исток.

Првиот натпревар Беласица го игра против Детонит на 21 јули со почеток од 17:30 часот, три дена подоцна ќе ги одмери силите со Кожуф од Гевгелија во истиот термин. За 31 јули е закажан тест со велешки Борец, исто така од 17:30 часот. На 7 август е планиран контролен натпревар против Каменица Саса со поечток од 17:00 часот, а седум дена подоцна во истиот термин против Кит Го од Пехчево.

Струмичкиот второлигаш подготовките за новата сезона треба да ги започне на 7 јули.

Беласица ќе важи за најголем фаворит за враќање во елитата, а голем конкурент за Беласица за ПМФЛ ќе биде прилепска Победа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!