Европски ФудбалФудбал

(ФОТО) Барселона донесе Бразилец: Емерсон Ројал ќе го носи дресот на каталонскиот гигант

Емерсон Ројал е нов играч на Барселона. Бразилецот беше на позајмица во Бетис две и пол сезони, по што каталонскиот гигант се реши да го ангажира за следната сезона.

Лапорта најави дека Роналд Куман останува тренер на Барселона во следната сезона, со можност да го води тимот и во сезоната потоа, а исто така, очекувано би било и Меси да остане во тимот за следната сезона.

22-годишниот десен бек потпиша за каталонскиот гигант уште во јануари 2019 година кога беше играч на Атлетико Минеира за 12,7 милиони евра. Половина од обештетувањето го плати Бетис и го задржа на позајмица две и пол сезони.

Роден е во Сао Паоло, и има еден настап за А репрезентацијата на Бразил. Тој е веќе четврти десен бек во каталонскиот тим заедно со Серхиња Деста, Серхио Роберт и Муса Вејг, што може да значи дека еден од нив ќе го напушти клубот.

Да потсетиме, во понеделникот Барселона го потврди Серхио Агуеро, а во вторникот Ерик Гарсија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!