ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Аврамовски и Зефиќ го превземаа Борец, целта е опстанок во Втора лига!

Велес направи „ремонт“ во стручниот штаб откако на стартот од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига нанижа катастрофални резултати. Никола Аврамовски ќе биде нов тренер на второлигашот од Велес, а Туш Зефиќ ќе биде негов прв помошник.

„Управата на ФК Борец 1919 им се заблагодари за соработката на стариот тренер Петров Благоја и Тодоровски Димче“, велат од велешкиот второлигаш.

Новиот кормилар на велешани ќе има за цел да обезбеди сигурен опстанок на Борец во второлигашкото друштво. По седум одиграни кола во Втора лига екипата на Борец има седум порази во низа и е единствената екипа без освоени бодови.

Минатата сезона Борец директно испадна од Прва лига, а сега го очекува тешка борба да се спаси од испаѓање и во Трета лига – Југ. Новиот тренер своето деби ќе го има против Детониот Плачковица во Радовиш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!