ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Астибо преполовен го доби дуелот со Клими, Мал Ајакс и Форца до врв ги наполнија мрежите

Денес продолжија возбудувањата од Втората футсал лига во рамки на 5. коло. Најнеизвесен дуел имаш во Штип каде преполовениот Астибо со 7:6 го доби дуелот со Клими од Кавадарци. Поради повреди и ковид изолации штипјани настапија со девет играчи. Иван Стојчев во 4. минута го отвори резултатот за водство на Астибо од 1:0, а само две минути подоцна Марјан Манев си постигна автогол со што беше дуплирана предноста за домашните. Ѓорѓи Шишков успеа да намали на 2:1 во 13. минута од натпреварот, а две минути подоцна Петар Левков постигна гол за 3:1.

Во самиот финиш на првиот дел Марјан Зашков си постигна автогол, па резултатот на полувреме беше 3:2 за домашните. Во вториот дел продолжи големата неизвесност за трите бодови. Филип Грујоски на стартот од вториот дел израмни на 3:3, а потоа со нови два погодоци Шишков донесе водство од 3:5 за Клими. Домашните преку втор гол на Стојчев намалија на 4:5. Неизвесноста продолжи и во последните десет минути од мечот. Миле Плачков во 30. минута зголеми на 4:6, а по четири минути Леков со втор гол намали на 5:6. На три минути пред крајот на првиот дел Иван Андов израмни на 6:6, а во самиот финиш Левков со трет гол ги постави конечните 7:6 и донесе многу важни три бода за штипјани кои целат кон експресен кам бек во футсал елитата на Македонија.

Мај Ајакс на домашен терен сосема очекувано триумфираше над Црешево Топче со високи 7:3. За домашните двоен стрелец беше Мелих Шерифов, а по еден погодок постигнаа Дарко Димитровски, Игор Лазов, капитенот Љубомир Тиквешанац и Ристе Дурдубаков. За гостите од Пробиштип двоен стрелец беше Антонио Стојчов, а еден погодок постигна Дарко Мирков.

Форца на домашен терен со 6:2 го доби Кардшлк. Газменд Рамадани два пати стрелаше, а во листата на стрелци се запишаа и Фатон Нуредени, капитенот Ергин Шерифи, Еркан Алиу и Нермин Бишевац. За гостинската екипа погодоците ги постигнаа Нешат Демиров и Бобан Стојанов.

Овче Поле мечот со Велешта го добива со службен резултат и службени три бодови, бидејќи екипата на Велешта не се појави на теренот по чекање од 30 минути.

Колото ќе биде комплетирано утре со дербито на колото меѓу Конзули и Кеги Моби во Битола. Битката за врвот ќе стартува во 19:30 часот.

Вчера, СЕЕ Университи со убедливи 7:2 го доби СФК Проект, извештајот од натпреварот можете да го прочитате овде.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!