Куп на МакедонијаФудбалФутсал

ФОТО: Арбен Бајрами убедливо го декласираше Карадаку и стана нов освојувач на футсал Купот на Македонија

Арбен Бајрами со убедливи 5:1 славеше над Карадаку и стана нов освојувач на футсал Купот на Македонија. Одличен натпревар со многу шанси, атрактивни погодоци и интервенции во Спортската сала Автокоманда.

Арбен Бајрами одлично го отвори финалето и успеа брзо да дојде прв во водство, откако Реџеп Сулејмани, во 7. минута од мечот ја смести топката во противничката мрежа за водство од 1:0.

Карадаку веднаш се закани со две стопроцентни шанси, но голманот Иван Стојановски беше на вистината на задачата и забележа две атрактивни интервенции.

Во третиот обид, Карадаку преку Егзон Есени израмни на 1:1 во 9. минута од мечот.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Потоа, се случи мал пад во играта на Арбен Бајрами, а тоа Карадаку го искористи да се закани уште еднаш кон противничкиот гол, но топката заврши покрај голот. Тоа како да ја разбуди екипата на Арбен Бајрами и направи притисок кон противничкиот гол, но недоволно за погодок и ново водство.

Во 20. минута од мечот Берат Рамадани со топовски шут ја закова топката во противничката мрежа постигнувајќи атрактивен гол и донесе второ водство за Арбен Бајрами од 2:1 резултат со кој се замина и на полувреме.

На стартот од вториот дел, Арбен Бајрами, преку Бејтула Јакупи дојде до висока предност од 3:1 по само четири минути игра, откако претходно и двете екипи имаа по неколку шанси за погодок. Карадаку веднаш упати закана кон противникот, но Стојановски беше на висината на задачата и успешно интервенираше.

Прекрасен вкус на ф’стаци + Ванила мокачино = совршенство – Steve’s Coffee House Охрид

Веќе во 26. минута од мечот голманот на Карадаку, Амир Весељи по четврти пат капитулираше, откако Абдил Кадир Јахја погоди за високи 4:1. Во последните десет минути од мечот Арбен Бајрами влезе со убедлива предност од три погодоци.

Точка на мечот стави Јахја, кој во 35. минута постигна втор гол за убедливи 5:1 со што надежите за било какво изненадување на Карадаку ги урна. Капитенот на Карадаку, Егзон Есени во 37. минута од мечот имаше одлична шанса да го ублажи поразот, но Стојановски повторно успешно интервенираше.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Арбен Бајрами со 5:1 во финалето го доби Карадаку и стана нов освојувач на футсла Купот на Македонија. Лански освојувач беше Шкупи, кој, пак е нов шампион во Првата футсал лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!