ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Арбен Бајрами со голема победа над Јувентус Серава

Фудбалерите на Арбен Бајрами забележаа голема победа од 8:5 над Јувентус Серава во воведниот натпревар на 2. коло од Првата футсал лига. Уште во првиот дел беше најавена големата победа за домаќинот, кој на полувреме имаше високо водство од 5:2.

Јусуф Сулејмани и Харис Омеровиќ постигнаа по три погодоци, а стрелец за домашните беше и Берат Рамадани. Стрелци за Јувентус Серава беа капитенот Осман Мустафа, Омер Османи кој постигна хет-трик и Дионис Укшини кој најпрво ја погоди противничката мрежа, а потоа ја стресе и сопствената мрежа односно си постигна автогол.

Во следното коло Арбен Бајрами ќе гостува во Кавадарци кај Црна Река, додека пак Јувентус Серава ќе биде домаќин на Карадаку.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!