
Денес со два натпревари беше отворено 2. коло од новата сезона во Првата футсал лига на Македонија.
Дербито на колото беше одигран на Чаир каде актуелниот шампион Шкупи загуби од Куп-освојувачот Арбен Бајрами во меч со девет погодоци (4:5). Гостинската екипа однесе голема победа и прокнижи три големи бодови во битката за титула во домашното првенство.
На полувреме Шкупи имаше водство од 2:1. За домашниот тим во првиот дел двоен стрелец беше Артан Јунизи, а за гостите погоди Таулант Исмаили. Во вториот дел Арбен Бајрами заигра подобро и направи комплетен пресврт, откако Харис Омеровиќ постигна гол за 2:2, а пак со погодоци на Пајтим Реџепи, Ељјеса Незири и Абдил Јахја Кадир гостинската екипа има водство од убедливи 2:5. Во 34. и 35. минута домашниот состав преку Исмет Цека го намали водството на Арбен Бајрами на 4:5 со што мечот влезе во луда неизвесна завршница.
Во последните пет минути од мечот домашниот тим правеше притисок за израмнување, но тоа не се случи, а Арбен Бајрами го однесе целиот „плен“.
Кеги Моби по несреќниот пораз во првото коло денес на домашен терен со убедливи 6:1 го декласираше Енхалон од Струга. За домашниот тим хет-трик постигна Петар Левков, двоен стрелец беше Димче Ѓуров, а вториот гол беше дело на Адил Адиловиќ. За гостите од Струга единствен стрелец беше Аднан Агушевски.

Колото ќе биде комплетирано утре со останатите три натпревари. Железарец на домашен терен ќе се соочи со Карадаку, Јувентус Серава ќе биде домаќин на Црна Река, а пак Проект ќе го пречека новиот прволигаш Форца.