ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Алтипармаковски донесе прва победа за Брегалница, Пелистер до прв бод, реми за Тиквеш против Струга

Брегалница го запиша првиот триумф во новата сезона од Првата лига, откако на домашен терен со 3:2 славеше над лидерот Академија Пандев. Алтипармаковски во финишот погоди за три бода за „сините“. „Пандевци“ преку Велиновски во 17. минута го отвори резултатот. Стартот на вториот дел донесе израмнување, откако Ескиќ погоди за штипјани. Голгетерот Мартин Мирчевски во 73. минута донесе ново водство за Академија Пандев од 1:2. Џокиќ во 83. минута ја погоди мрежата на Марко Јовановски за 2:2. Кога сите мислеа дека Брегалница повторно ќе ремизира Алтипармаковски во судиското надополнување ја стресе противничката мрежа за конечни 3:2 и прва прволигашка победа за штипјани во новата сезона.

Тиквеш одигра 1:1 на домашен терен против фаворитот Струга Трим Лум и го запиша вториот бод во новата сезона од Првата лига. Кавадарчани први дојдоа до водство на Градскиот стадион во Кавадарци со погодокот на Симеон Христов во 10. минута од мечот. Тиквеш мудро го чуваше водството се до 80. минута кога Емир Скендери постигна гол за конечните 1:1.

Реми од 1:1 имаше и во Тетово меѓу Ренова и Работички. „Гипсарите“ први го отворија резултатот со гол на Ремзифаик Селмани во 24. минута, а во 35. минута Марио Станковски ја погоди мрежата на Велии за конечните 1:1.

„Лавовите“ со пресврт на крилата на Адем стигнаа до победа над Борец од 3:2 на домашен терен. Велешани преку Лука Трајкоски во 27. минута дојдоа до водство од 0:1. Во 43. минута од натпреварот Ермедин Адем постигна гол за 1:1. Стартот од вториот дел донесе водство за Македонија Ѓорче Петров, откако Адем со втор гол го сврте резултатот за 2:1. Само три минути подоцна Трајкоски со втор гол донесе израмнување (2:2). Во 81. минута од средбата во Ѓорче, Адем стигна до хет-трик со што ги постави конечните 3:2.

Шампионот Шкендија повторно разочара, откако во Битола одигра 2:2 со Пелистер. По само девет минути игра Шкендија дојде до водство со гол на Флорент Рамадани. Во 39. минута разиграниот Јуффо Нилдо Виктор погоди за 1:1. Во вториот дел Јуффо постигна втор гол и го врати Пелистер во водство од 2:1. Десет минути подоцна, односно во 79. минута Аденис Шала ја погоди мрежата на Трајчевски со што беа поставени конечните 2:2.

Шкупи на домашен терен го „разнесе“ Скопје со високи 4:1. Марјан Радески во 28. минута ги донесе чаирчани во водство од 1:0. Во 46. минута Валид Хамиди погоди за двојна предност. Адетуњи со два гола во 49. и 59. минута зголеми на високи 4:0. Во самиот финиш од натпреварот Филип Трајановски ги постави конечните 4:1.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!