Европски ФудбалФудбал

ФОТО: Алаба во Реал ќе игра со четворката на Рамос

Австрискиот дефанзивец Давид Алаба беше официјално претставен во Реал Мадрид.

Алаба пристигна во „кралскиот клуб“ како слободен агент, откако му истече договорот со Баерн, каде мина 12 години, а тој потпиша соработка до летото 2026 година.

Во Реал тој ќе го носи дресот со број 4, кој до неодамна му припаѓаше на поранешниот капитен Серхио Рамос, новиот стопер на Пари Сен Жермен.

„Ви благодарам на сите за срдечниот пречек. Многу сум горд и благодарен што го задолжив дресот на Реал Мадрид и ќе дадам се од себе за да постигнам голем успех во него. Напред Мадрид“, рече 29-годишникот од Виена.

Алаба може да покрие неколку позиции во дефанзивата и средниот ред. За Баерн одигра 431 натпревар, со 33 погодоци и 55 асистенции. Освои голем број трофеи со „баварците“, вклучувајќи 10 Бундеслига и две Лиги на шампиони.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!