ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Академија Пандев закажа четири контролни натпревари во Анталија

Македонскиот прволигаш Академија Пандев зимските подготовки ги стартуваше под водство на новиот тренер Ѓорѓе Стојчев, откако тој беше назначен за нов шеф на стручниот штаб по заминувањето на Александар Васоски во Сараево.

Струмичани веќе го работат тренажниот процес, а главната фаза од подготовките ќе се извршува во Анталија, каде ќе бидат одиграни и четири контролни натпревари.

>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<

На 23. јануари Академија Пандев ќе ги одмери силите со Нови Пазар од Србија, четири дена подоцна следува тест со косовски Лапи, на 30. јануари е контролката со Крилја Советов, а ден подоцна против ЦСКА Софија.

„Пандевци“ се наоѓаат на второто место на табелата во Првата лига, а главна цел е обезбедување на место за излез во Европа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!