ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
ФОТО: Академија Пандев славеше над Победа во меч со СЕДУМ погодоци

Вчера на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица беше одигран пријателскиот меч меѓу Академија Пандев и Победа во кој на крајот по 90 минути игра на задоволство на гледачите кои видоа 7 голови, победија „пандевци“ со 4:3.

Победа прва поведе и имаше водство од 0:1, а до одморот струмичани израмнија на 1:1.
На почетокот на вториот дел Академија Пандев ги искористи грешките на повратникот во Првата лига и со 3 брзи гола стигна до убедливо водство од 4:1.

Во првото коло од новата сезона од ПМФЛ, Академија Пандев ќе стартува против Брегалница на домашниот терен во Струмица, додека пак Победа сезоната ја отвара покрај Охридското Езеро против Струга Трим Љум.