ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Академија Пандев преку Мирчевски го совлада Работнички

Фудбалерите на Академија Пандев ја запишаа првата победа во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, откако на „Благој Истатов“ под рефлектори ја совладаа екипата на Работнички.

„Пандевци“ до победата и трите бодови стигнаа преку двата гола на новото засилување Мартин Мирчевски кое се покажа како вистински погодок за новата сезона. Мирчевски е стрелец на сите три гола за Академија Паднев во новата сезона.

Двата гола вечерва Мирчевски ги постигна од пенал, а првиот пенал судијата Владимир Ѓорѓиевски од Битола го досуди во 73. минута, додека пак вториот беше досуден во 86. минута.

Во однос на табелата Академија Пандев сега се искачи на врвот со четири бодови, колку што имаат и Шкупи, Ренова и Струга Трим Лум.

Во следното коло Академија Пандев ќе гостува кај повратникот Тиквеш, додека Работнички ќе биде домаќин на Струга.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!