ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Академија Пандев означи старт на подготовките со привремен тренер

Вчера на СЦ „Пандев“ во Струмица сениорскиот тим на Академија Пандев ги започна зимските подготовки.

Се одработи воведен тренинг, а од денес екипата продолжува со по две тренажни единици. Првата фаза од припремите ќе се одржи во Струмица, а на 20-ти јануари се заминува на дванаесетдневни припреми во Анталија, Турција. Планирани се шест контролни натпревари.

До пополнување на испразнетото тренерско место, тимот ќе биде предворен од тренерот Ѓорге Стојчев.

Колку за потсетување Александар Васоски спогодбено се раздели со Академија Пандев и стана нов тренер на босански Сараево.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!