ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Академија Пандев го промовираше стручниот штаб на чело со Ѓорге Стојчев

Стручниот штаб на сениорскиот тим на Академија Пандев кој ќе ја предводи екипата во пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига ќе биде предводен од тренер Ѓорге Стојчев, тој е дел од Академија Пандев од самото формирање, најпрво како тренер во младинските категории, а од пред три сезони и како асистент тренер во сениорскиот тим каде струмичанецот соработуваше со Југослав Тренчовски, Александар Таневски и Александар Васоски.

>>> ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО ЗА ОДМОР – РЕЗЕРВИРАЈ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<

Асистенти тренери ќе бидат двајцата струмичани Тони Атанасов и Мартин Алаѓозовски, кондициски тренер ќе биде радовишанецот Дарко Коцев и тренер на голмани Томи Пандев од Струмица.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!