ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
ФОТО: Аднан Исламовиќ го засили Борец

Прволигаш Борец вечерва се пофали со најновото засилување Аднан Исламовиќ кој во Велес доаѓа од редовите на српски Нови Пазар.
>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<
24-годишникот ќе биде дел од Борец во пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига, а овој искусен играч кој игра на левата бековска позиција ќе треба да му помогне на Борец во борбата за опстанок во фудбалската елита на Македонија.

Во својата кариерта има настапувано и за српски Партизан и Нови Град од Босна и Херцеговина.
Борец пролетната полусезона ја отвара во Автокоманда против Скопје, а овој меч е закажан за во недела.