ФудбалФутсал

ФОТО: 10 гола во Битола – Конзули го сомле Кардшлк, Стојковски и Јовановски немаа милост кон противникот!

Вечерва се комплетираше 13. коло од Втората футсал лига на Македонија. Во Битола паднаа десет погодоци – Конзули со тотална доминација во „Боро Чурлевски“ го понижи Кадршлк со убедливи 10:0.

Штипски Кардшлк е единствената футсал лига во Македонија која сè уште нема забележано позитивен резултат – штипјани се на дното без ниту еден освоен бод, а вечерва пак немаа сили да постигнат ниту еден погодок на гостувањето во Битола.

ФОТО: Спортска Мрежа

Антонио Стојковски приреди вистинско шоу за гледачите со четири погодоци, а милост кон противничкиот голман немаше ниту Марјан Јовановски кој со три погодоци ја искина мрежата. Муса Веизовски беше двоен стрелец, а Вељан Пејовски во листата на стрелци се запиша со еден погодок.

ФОТО: Спортска Мрежа

Резултати 13. коло Втора футсал лига на Македонија:

Форца – Клими 10:5
Мал Ајакс – Овче Поле 2:5
Астибо – Црешово Топче 10:2
Кего Моби – СФК Проект (службен резултат за домаќинот, гостите не допатуваа на гостувањето во Велес)
СЕЕ Университи – слободна екипа во оваа коло

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!