ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Фортунато Да Силва и Ибрахима Тиам се новите засилувања за Тиквеш

Прволигашот Тиквеш денес ги официјализираше трансферите со Фортунато Да Силва и Ибрахима Тиам со што овие двајца фудбалери се најнови засилување за кавадаречкиот клуб.

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига од денес е на подготовки во Охрид, а двајцата нови фудбалери се очекува да бидат големо засилување за екипата предводена од Пане Блажевски.

Тиквеш одигра две контролки пред доаѓањето во Охрид, против Македонија ЃП и против Работнички каде забележа две победи.

Како што дознава Спортска Мрежа предвидено е да се одиграт неколку контролки покрај езерото.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!