ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Фортуна со победа над Њу Јорк, Студена Вода го декласираше Петровец

Денес беше одиграно 17. коло од Третата лига – Север, лидерот Фортуна продолжува со одличната серија резултати.

Њу Јорк 0:2 Фортуна

Лидерот Фортуна ја продолжува победничката серија, откако во Бутел кај Њу Јорк со 0:2 беше подобар противник. Првиот гол на натпреварот падна во 50. минута, а стрелец беше Шакири Берат. 15 минути подоцна Јахији Џемиљ ги постави конечните 0:2.

Студена Вода 6:0 Петровец

Екипата на Студен Вода го декласираше Петровец со убедливи 6:0 на домашен терен. Играч на натпреварот беше Тодоровски Дарко. Првиот гол на натпреварот беше постигнат од Аросвски Славко во 9. минута од натпреварот. Пред крајот на првиот дел Исени Ринов го дуплираше водството. На стартот од вториот дел нововлезениот Тодоровски Дарко постигна гол за 3:0, а во 62. минута со втор гол на Тодоровски резултатот беше 4:0. Шест минути подоцна Јосифовски Стефан ја стресе мрежата на противникто за 5:0, а конечните 6:0 ги постави Јосифовски со втор гол.

Башкими 3:1 Аеродром

Башкими со одличен натпревар стигна до седма сезонска победа, откако на домашен терен со 3:1 беше подобар од Аеродром. Домашната екипа стигна прва до водството во 7. минута од натпреварот со гол на Реџепи Фљамур, а по седум минути игра Исинов Омер донесе 1:1. Ќаили Ељмедин во 20. минута од натпреварот повторно го донесе Башкими во водство од 2:1. Во 60. минута од натпреварот судијата Ставров покажа на белата точка, а одговорноста ја презеде Незири Ерсин кој успешно реализираше за конечни 3:1.

Риниа 3:1 Раштак

Екипита на Риниа одогира одличен натпревар и стигна до нова победа, откако на домашен терен со 3:1 беше подобар противник од Раштак. Во првиот дел од натпреварот падна еден гол, домашната екипа стигна прва до водство со гол на Љатифи Амет во 25. минута. Во вториот дел Риниа го дуплираше водството на 2:0 со гол на Даути Орхан во 57. минута. Три минути подоцна Даути со втор гол донесе водство од 3:0. Во 80. минута Калчев Мартин ги постави конечните 3:1.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Беса Влазрими 4:1 Волково

Сосема очекува Беса Влазрими стигна до нова победа, откако на домашен терен со 4:1 го надигра Волково. Домаќинот уште во 3. минута со гол на Фетаи Мерван стигна до водство од 1:0. Волково во 23. минута со погодокот на Спировски Петар намали на 1:1. Во 28. минута судијата Јовановски покажа на белата точка за домашната екипа, а Ајдини Арбурим успешно реализираше за ново водство на Беса Влазрими од 2:1. На пет миунти пред крајот на првиот дел Фетаи со втор гол ја стресе мрежата на противникот за 3:1 на полувреме. Во вториот дел нововлезениот Мурсели Седат ги постави конечните 4:1 во 68. минута.

Маџари Солидарност 6:0 Речица

Екипата на Маџари Солидарност со високи 6:0 ја декласираше „фенерџијата“ Речица. Стрелец на првиот гол за водство на домашната екипа од 1:0 беше Рајатоски Марио во 10. минута од натпреварот. Десет минути подоцна Ристески Марко зголеми на 2:0. Пред крајот на првиот дел Апостоловски Кристијан погоди за 3:0 на полувреме. И во вториот дел од натпреварот Маџари продолжи со доминацијата на теренот. Во 65. минута Спировски Мартин постигна гол за 4:0, а десет минути подоцна Апостоловски Кристијан го зголеми водството на 5:0. Во 85. минута од натпреварот судијара Русевски покажа на белата точка, а Додевски Дарко ја презеде одговорноста и успешно реализираше за конечните 6:0.

ССК Нова 2:1 Илинден

Голема победа за ССК Нова во дербито од дното против екипата на Илиден од 2:1. Домаќинот со два брзи гола во 34. и 39. минута дојде до водство од 2:0. Стрелец на првиот гол беше Ангеловски Горјан, додека на вториот стрелец беше Шаботиќ Шенол. Во 55. минута Спасовски покажа на белата точка за гостинската екипа, а Благојевски Марио успешно реализираше за конечни 2:1.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!