ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Фортуна со нов тренер и квалитетни засилувања во поход по прво место и Втора лига – Запад!

Фортуна минатиот петок ги започна подготовките за пролетната полусезона во Третата лига – Север. Клубот го сочува „костурот“ на екипата за пролетната полусезона и истиот е засилен со неколку квалитетни засилувања.

Во изјава за Спортска Мрежа, доскорашниот капитен и сега нов тренер на екипата Идриз Исмаили вели дека имаат договорено двајца млади талентирани играчи од второлигашот Скопје, а се очекува Фортуна да биде засилена и со двајца играчи од Шкендија.

„За пролетниот дел од сезоната атакуваме на првото место и пласман во Втората лига – Запад. Во 2019 година немавме среќа во баражот, во 2020 година поради пандемијата со Ковид-19, наместо бараж имаше ждрепка и повторно немавме среќа. Екипата останува иста, освен тоа што јас како играч и капитен сега ќе бидам тренер на екипата. Веќе имаме договорени двајца млади талентирани играчи од второлигашот Скопје, а уште двајца играчи од Шкендија треба да го засилат нашиот состав во следниот период. Подготовктие ги започнавме на 15. јануари“, вели тренерот Исмаили.

Фортуна есенскиот дел од сезоната го заврши на третото место на табелата со 21 освоен бод, три помалку од лидерот Беса Влазрими.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!