ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Фортуна: Нашата екипа е подготвена за Аеродром, очекуваме убедлива победа!

Во сабота екипата на Фортуна ќе биде домаќин на Аеродром, во меч од 8. коло од Третата лига – Север. Во изјава за Спортска Мрежа, од Фортуна велат дека екипата е комплетна и во најдобра форма до сега, со што очекуваат убедлива победа.

„Нашата екипа е доволно подготвена морално и физички за натпреварот против Аеродром, очекуваме максимална ангажираност од страна на нашите играчи и убедлива победа. Ние сме максимално подготвени и екипата е комплетна и во најдобрата форма досега, за среќа немаме повредени или позитивни играчи од Ковид-19“, ни изјавија од Фортуна.

Фортуна е на третото место на табелата со 15 бодови, три помалку од првопласираната Беса-Влазрими и ќе атакува на прво место и влез во Втората лига.

„Главната амбиција на Фортуна продолжува да биде пласирањето во Втората лига“, додаваат од клубот.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препоракитие за заштита од Ковид-19.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!