ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Фортуна ја „среди“ Беса Влазрими и изби на врвот во Третата лига – Север, Студена Вода го декласираше Илинден

Денес се комплетираше 15. коло од Третата лига – Север кое донесе нов лидер на табелата. Фортуна го доби големото дерби со Беса Влазрими за прво место.

ССК Нова 0:0 Башкими

Екипата на ССК Нова одигра реми без погодоци со фаворитот Башкими и дојде до значаен бод во борбата за опстанок.

Волково 5:0 Речица

Во дербито од дното на табелата Волково со 5:0 ја торпедираше Речица и се обидува да фати приклучок за опстанок во Третата лига – Север. За домашнат екипа ова е втора сезонска радост, додека гостинската екипа стигна до 11 сезонски пораз. Резултатот беше отворен во 14. минута со гол на Ѓорески Јордан. Во 25. минута Брњарчевски Драган постигна гол за 2:0. На стартот од вториот дел Змејкоски Мартин зголеми на 3:0. Нововлезениот Марковиќ Христијан во 68. минута постигн гол за 4:0, а во 86. минута Васиќ Даниел ги постави конечните 5:0.

Фортуна 3:2 Беса Влазрими

Фортуна ја „среди“ Беса Влазрими и изби на лидерското место во Третата лига – Север. Дербито на колото беше неизвесно до самиот финиш со многу погодоци. Први до водство дојдоа гостите со гол на Османи Егзон во 26. минута. Девет минути подоцна Шаип Еркан израмни на 1:1. Во вториот дел Фортуна го сврте резултатот и дојде до водство на натпреварот во 54. минута со гол на Буњаку Илир. Беса Влазрими преку нововлезениот Фетаи Мерван израмни на 2:2. Само три минути беа потребни за Фортуна да дојде до ново водство од 3:2 со гол на Авдули Џезаир. До крајот на натпреварот Фортуна мудро го чуваше водството и трите бодови, а Беса Влазрими се обидуваше да постигна гол барем за реми, но не успеа. По завршувањето на натпреварот, двете екипи заеднички се фотографија и покажаа дека фудбалот обединува и испратија силна порака за фер плеј.

Петровец 1:2 Риниа

Екипата на Петровец на домашен терен беше поразена од Риниа со 1:2. Гостите во 68. минута дојдоа први до водство со гол на Даути Орхан, а шест минути подоцна Абдула Бесир зголеми на 0:2. Во 77. минута Шкријељ Амар ги постави конечните 1:2.

Аеродром 1:2 Њу Јорк

Екипата на Њу Јорк запиша триумф над Аеродром од 1:2. Првиот гол на натпреварот во Ново Лисиче за водство на гостите падна во 37. минута, а стрелец беше Муча Енис. Во 65. минута Бакиевски Гезим зголеми на 0:2. Конечните 1:2 ги постави Тодоровски Борјан во 80. минута.

Њу Старс 2:2 Маџари Солидарност

Екипите на Њу Старс и Маџари Солидарност ремизираа играјќи 2:2. Први до водство дојдоа домаќините во 20. минута со гол на Малов Ѓорѓи. Гостите во 38. минута израмнија на 1:1, а стрелец беше Апостоловски Кристијан. Во вториот дел неизвеноста траеше до самиот финиш. Маџари во 83. минута со гол на нововлезениот Пандовски Игор дојде до водство од 1:2, но нивната радост траеше само три минути, Скоко Емил ја стресе мрежата за конечни 2:2.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Студена Вода 5:1 Илинден

Студена Вода на домашен терен во Доброшане го прегази Илинден со високи 5:1. Резултатот беше отворен во 35. минута за водство на домашната екипа, а стрелец беше Насковски Гоце. Само шест минути подоцна Благојевски Марио израмни на 1:1. Во вториот дел екипата на Студена Вода со тотална доминација го распадна Илинден. Во 57. минута паднаа два гола со што Студена Вода имаше 3:1, а стрелци беа Тодоровски Дарко и Златковски Кристијан. Во 82. минута Тодоровски Дарко со втор гол зголеми на високи 4:1, а конечните 5:1 во 90. минута ги постави Златковски Кристијан.

Раштак 3:0 Локомотива Бентоекспорт (службен резултат)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!