ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Фортуна го уништи Аеродром со 11 гола

Фортуна одигра уште еден одличен натпревар и денес со високи 11:0 го уништи очајниот Аеродром, во меч од 8. коло од Третата лига – Север. Домаќините на овој меч важеа за големи фаворити, а фаворитската улога беше оправдата со голема убедлива победа, која беше најавена уште од самиот старт на мечот.

Првиот дел од натпреварот заврши со високи 5:0. Во вторите 45. минути Фортуна одигра уште подоборо и постигна шест погодоци за конечни 11:0.

Фортуна важи за сериозен кандидат за првото место и пласман во Втората лига – Запад, а денешната убедлива победа е потврда за тоа. За Фортуна ова не е прв пат да има ваква убедлива победа во тековната сезона, бидејќи во 6. коло на домашен терен со 11:1 ја торпедираа екипата на ССК Нова.

Локомотива Бентоекспорт со минимални 1:0 го доби дербито со Њу Јорк, додека Њу Старс со 6:1 го прегази бледиот Петровец. Колото ќе биде комплетирано утре кога ќе се одиграат останатите пет натпревари.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!