Фортуна го прегази Маџари Солидарност, Беса Влазрими го надигра Раштак, Башкими со трумф над Студена Вода

Денес се комплетираше 14. коло од Третата лига – Север кое беше одложено поради обилните врнежи од снег.
Речица 4:7 Њу Старс
Во воведниот натпревар одигра во саботата Речица на домашен терен доживеа дебакл од екипата на Њу Старс со резултат од 4:7. Победата беше најавена уште од самито старт, кога во 13. минута Илиевски Мирон постигна гол за 0:1, четири минути подоцна Попоски Стојан зголеми на 0:2, а во 34. минута со втор гол Попоски зголеми на 0:3. Домашната екипа веднаш намали на 1:3 со гол на Митевски Владан, а само две минути подоцна Јовановски Ивица намали на 2:3 и ја врати неговата екипа во игра. Во вториот дел Њу Старс влезе силно мотивирано и постигна четири погодоци за дванаесет минути. Попоски Димитриј беше двоен стрелец, а Ристовски Давид и Малов Ѓорѓи постигнаа по еден гол за 3:6. Во 73. минута Трендафиловиќ Милан постигна гол и намали на 4:6. Во самиот финиш Попоски Ѓорѓи постигна гол за конечни 4:7.
Локомотива Бентоекспорт 0:3 Аеродром (службен резултат)
Екипата на Аеродром доби службени 3 бодови.
Башкими 1:0 Студена Вода
Башкими го шокираше фаворитот Студена Вода и на домашен терен дојде до минимална победа од 1:0 и со тоа фаќа приклучок за првите пет на табелата. Стрелец на единствениот гол кој падна во 78. минута беше Ахмети Газмир.
Маџари Солидарност 1:4 Фортуна
Екипата на Фортуна запиша голема победа над Маџари Солидарност од 1:4 и продолжува да го напаѓа првото место. Резултат го отвори гостинската екипа со гол на Буњак Илир во 11. минута. Одличната игра продолжи, а резултатот се зголеми на 0:2 со гол на Алилов Ерсин во 27. минута. Три минути подоцна Маџари намали на 1:2 со гол на Мамути Џавид. Во вториот дел неизвесноста траеше се до 85. минута кога Шаип Еркан постигна гол за 1:3, а големата победа од 1:4 ја потврди Фета Бехар.
Илинден 3:1 Волково
Екипата на Илинден стигна до четвртата сезонска победа, откако на домашен терен славеше со 3:1 над „фенерџијата“ Волково. Резултатот беше отворен во 10. минута со гол на Арсовски Дарко. Во 24. минута Беќири Јасир зголеми на 2:0, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Волково во 53. минута намали на 2:1 со погодок на нововлезениот Змејкоски Мартин и се врати во игра за бод, но надежите на гостинската екипа паднаа во вода кога Беќири Јасир со втор гол зголеми на 3:1.
Беса Влазрими 3:0 Раштак
Лидерот Беса Влазрими сосема очекувано стигна до нова победа, откако на домашен терне со 3:0 славеше над Раштак. Домашната екипа победата ја осигурни уште во првиот дел. Во 22. минута Јашари Љеутрим го отвори резултат, четири минути подоцна Демири Орхан зголеми на 2:0, а со втор гол во 33. минута ги постави конечните 3:0. Во вториот дел мрежите мируваа, па резултатот од првиот дел стана конечен.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Њу Јорк 2:0 Петровец
Екипата на Њу Јорк на домашен терен со 2:0 беше подобар од Петровец. Стрелец на првиот гол за домашната екипа постигнат во 26. минута беше Дема Флорим. На полувреме резултатот беше 1:0. Во вториот дел Њу Јорк зголеми на 2:0 со голот на нововлезениот Бериша Шефки. До крајот на натпреварот немаше промени на резултатот.
Риниа 4:1 ССК Нова
Риниа дојде до петта сезонска радост, откако со високи 4:1 славеше над ССК Нова. Победата и трите бодови за домашната екипа се значајни бидејќи екипата фаќа приклучок за првите десет на табелата, што е нивна цел за подобар пласман на табелата до крајот на сезоната. Резултатот беше отворен уште во 4. минута со гол на Хајрули Еркан. Во 18. минута Хајрули со втор гол донесе водство за домашната екипа од 2:0. Гостите со гол на Незири Сеад намали на 2:1 во 39. минута, а само три миути подоцна Даути Орхна за стресе мрежата на гостите за 3:1 на полувреме. Во вториот дел во 70. минута Имери Зирал ги постави конечните 4:1.
Борбата за прво место продолжува и понатаму. Лидер останува Беса Влазрими со 37 бодови, еден помалку има Фортуна која е втора, додека Њу Старс со 28 бодови е на третото место.