ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Фортуна го декласираше Раштак, високи победи за Петровец и Риниа

Денес се комплетираше осмата рунда од Трета лига – Север, откако истата беше отворена вчера со дербито на колото меѓу БВК Коњаре и Башкими, меч кој заврши со триумф од 0:2 за гостите од Куманово, а дербито можевте да го следите во живо на телевизија М Нет и Спортска Мрежа.

Денес најубедлива победа однесе Фортуна која со 7:2 славеше над Раштак. Сеад Јакупи постигна хет-трик за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Ветон Мемеди, Ријад Вељии, Харбин Муртезани и Јасир Мемедовски, додека пак за Раштак стрелаа Марко Стојановски и Никола Спасовски.

Студена Вода на крилата на Кристијан Златковски го доби дуелот со Кадино (3:1). Златковски постигна хет-трик, а за ланскиот второлигаш единствен стрелец беше Ѓорѓи Малов.

Петровец на домашен терен стигна до своето четврто сезонско славје, откако дома со 4:1 славеше над Илинден. За домашниот тим двоен стрелец беше Александар Божинов, а по еден гол постигнаа Халил Калач и Марко Стојанвоски, додека пак за Илинден единствен стрелец беше Стефан Ивановски.

Беса Влазрими и Аеродром го поделија „пленот“ во меч со по еден гол (1:1). На стартот од вториот дел гостите стигнаа први до водство со голот на Леонид Филиповски, а домаќините брзо преку Арбурим Ајдини стигнаа до конечните 1:1.

ССК Нова со минимални 1:0 го доби Маџари Солидарност со голот на Антониот Митрев и со тоа го запиша својот втор сезонски триумф.

Еуромилк ГЛ на домашен терен триумфираше со 2:1 над Башкими Љуботен. За домашните стрелци беа Самир Бафтијари и Томче Павловски, а пак за гостите погоди Мустафа Јусифи.

Волково го запиша шестиот пораз во новата сезона и останува и понатаму без триумф во новата сезона, откако на гостувањето кај Риниа загуби со високи 4:1. Бесир Јусифи постигна хет-трик за домашниот тим, а четвртиот гол беше дело на Харис Азизи. За гостите Петар Спировски беше единствениот стрелец.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!