ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Фортуна домаќин на Аеродром, лидерот Беса-Влазрими на Риниа

Викендот се игра 8. коло од Третата лига – Север, а колото се отвара со воведните натпревари во сабота. Фортуна на домашен терен ќе се соочи со Аеродром, во меч каде домаќините се апсолутни фаворити за победа. Во изјава за Спортска Мрежа од Фортуна велат дека нивната екипа е максимално подготвена и очекуваат убедлива победа.

Расположената екипа на Њу Старс на домашен терен ќе го пречека Петровец, каде домаќините атакуваат на петта сезонска победа и прогрес кон врвот на табелата.

Локомотива Бентоекспорт на домашен терен ќе игра дерби со екипата на Њу Јорк. Двете екипи атакуваат на победа и враќање кон врвот на табелата, што ќе понуди возбудлив натпревар со отворена игра од двете страни.

Во недела, Илинден на домашен терен против екипата на Раштак. На домаќините им е потреба победа со цел да излезат од резултатската криза, но, од друга страна одличниот Раштак доаѓа силно мотивиран за нова победа.

„Фенерџијата“ Волково на домашен терен ќе игра дерби од дното со ССК Нова и ќе се обиде да дојде до први бодови во тековната сезона.

Бледата екипа на Речица на домашен терен ќе игра против второпласираната Студена Вода, во меч каде гостите се апсолутни фаворити за нова победа и три бодови.

Маџари Солидарност на „Борис Трајковски“ во Маџари ја чека екипата на Башкими. Маџари кој атакува на прво место и влез во Втората лига – Запад, ќе важи за фаворит на овој меч поради далеку подобрата форма.

Лидерот Беса-Влазрими на домашен терен ќе ја пречека екипата на Риниа. Домаќините се апсолутни фаворити за нова победа во однос на гостите кој имаат само две сезонски победи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!