
Синоќа беа одиграни уште два натпревари од 7. коло на Втората футсал лига на Македонија. Екипата на Форца на домашен терен забележа голема победа над СФК Проект од 11:6.
За домашните Ергин Шерифи постигна четири погодоци, двојни стрелци беа Егзон Азири и Нермин Бишевац, а по еден гол постигнаа Стефан Трендафиловски, Фатон Нуредини и Газменд Рамадани. Кај гостите до хет-трик стигна капитенот Давид Митровски, а по еден гол постигнаа Митко Делев, Панче Петков и Валентин Михајловски.
Велешта на домашен терен синоќа го доби мечот против штипски Кардшлк со сигурни 6:3. По два гола за домашната екипа постигнаа капитенот Илир Шеји и Авдул Хани, а пак Лум Ќира и Шкељзен Шеј стрелаа по еднаш. За гостите од Штип двоен стрелец беше Амар Демиров, а еден погодок постигна и Џенѓул Јашаров.
Колото ќе биде комплетирано вечерва во Битола со дербито меѓу Конзули и Клими кое ќе започне во 19:30 часот.