ФудбалФутсал

Форца го доби дербито против лидерот Кеги Моби и од следната сезона ќе игра во Прва лига!

Синоќа во Липково се одигра големата дерби пресметка од 19. коло на Втората футсал лига која заврши со триумф над Форца од 7:5 над лидерот Кеги Моби од Велес.

Во супер возбудливо дерби Форца ги однесе трите бодови со четири погодоци на Стефан Трендафиловски и од следната сезона заедно со Кеги Моби ќе игра во Првата футсал лига на Македонија.

Домаќинот го отвори мечот со два брзи гола за водство од 2:0 а погодоците ги постигнаа Ергин Шерифи и Екрем Мемеди во 6. и 7. минута од мечот. По две минути игра Кирил Ивановски намали на 2:1.

Со втор гол на Шерифи домаќинот дојде до 3:1, а Стефан Трендафиловски во 17. минута погоди за 4:1, по што веднаш Костадин Петров намали на 4:2 а со овој резултат се замина и на полувреме.

ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Во вториот дел Кеги Моби отвори одлично и стигна до 4:4 со погодоци на Димче Ѓуров и Жарко Спасовски. Мечот влезе во супер возбудлива завршница, а херој беше Трендафиловски кој со нови три погодоци постигнати во за три минути од 36. до 39. минута обезбеди висока предност од 7:4. Во финишот од мечот Ѓуров со втор гол ги постави конечните 7:5.

Во однос на табелата Кеги Моби останува лидер на табелата со 43 бодови, а пак Форца е втора со 42 бодови, но со меч помалку.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!