
Вечерва во Пробиштип беше комплетирано 6. коло од Втората футсал лига, откако Форца со убедливи 1:10 го декласираше Црешево Топче.
Младиот Газменд Рамадани стигна до хет-трик, двојни стрелци беа Нермин Бишевац и Стефан Трендафиловски, а по еден гол постигнаа капитенот Бесим Мустафи, Екрем мемеди и Еркан Алиу. За домашната екипа единствениот гол го постигна Антонио Стојчов.
Форца сега се проби до третото место на табелата со 14 бодови, додека пак Црешево Топче и понатаму нема освоено бод.
Колото беше отворено во четвртокот со победата на Мал Ајакс над СФК Проект, додека пак во саботата Овче Поле и Кеги Моби до врв ги наполни мрежите на противниците, а пак во недела Клими и Конзули запишаа нови три бода.