
Денес беше одигран мечот меѓу Кардшлк и Форца во Штип кој заврши со нов триумф за гостите кој со 5:7 беа подобар противник од штипската екипа, која е на дното во Втората футсал лига без ниту еден освоен бод.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Штипјани имаа сили да парираат само во првиот дел кој заврши 3:3, а во вториот дел Форца беше далеку подобра и не дозволи изненадувања во „Тошо Арсов“.
Сердар Синанов и Нешат Демиров беа двојни стрелци, а еден погодок постигна Миле Димитров. За гостите хет-три постигна Валмир Ќерими, двоен стрелец беше Аљиљ Османи, а по еден погодок постигнаа Бесим Мустафи и Ергин Шерифи.
Колото ќе биде комплетирано во вторник со дуелот меѓу Кеги Моби и Конзули кој се игра во Велес со почеток од 19:30 часот.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247