Европски ФудбалФудбал

Флорентино Перез веќе го избра новиот тренер на Реал Мадрид

Зинедин Зидан одлучи да го напушти тренерското столче во Реал Мадрид. Францускиот тренер одлучи да го напушти клубот, а се очекува официјална потврда во следните неколку часа.

Веќе има многу дискусии за потенцијалниот наследник на Зидан, а како што стојат работите во моментов, нов тренер на Реал ќе биде Италијанецот Масимилијано Алегри.

„АС“ и „Скај Спорт“ тврдат дека Алегри ќе биде назначен за нов тренер на кралскиот клуб во наредните денови. Тој е првиот избор на Флорентино Перез пред Антонио Конте и Раул Гонзалес и сè треба да стане официјално во наредните денови.

Алегри во последно време најмногу се поврзуваше со клупата на Јувентус. Сепак, неговиот агент веќе беше во Мадрид и Реал е подготвен да го назначи за нов тренер.

Од друга страна, Зидан треба да биде тој што ќе го преземе Јувентус и двата клуба ќе започнат нова ера со нови тренери.

Алегри во минатото имаше понуда од Реал. Сепак, тој реши да ја одбие поради Јувентус, каде беше отпуштен на крајот на 2019 година.

Макс Алегри работеше како тренер на Милан четири сезони пред неговиот петгодишен престој во Јувентус, а претходно ги водеше Каљари и Сасуоло.

Секако, тој имаше најдобри резултати со Старата дама. Тој доминираше во својот тим во Серија А, а исто така одигра две финалиња во Лигата на шампионите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!