ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФК Воска Спорт: Реакција на скандалозното судење, бараме одредени судии да бидат казнети од судиската комисија при ФФМ!

Воска Спорт викендот во рамки на 11. коло од Втората македонска фудбалска лига одигра 2:2 против Кожуф од Гевгелија. Но, второлигашот од Охрид е оштетен на овој меч, а за тоа доаѓа потврда и од судиската анализа за 11. коло од Втората лига од страна на судиската комисија при ФФМ. Воска Спорт по судиската анализа на 11. коло веднаш излезе со соопштение.

  • Во продолжение судиската анализа на судиската комисија при ФФМ за натпреварот Воска Спорт – Кожф:

На натпреварот ФК Воска – ФК Кожуф одигран на 05.11.2022 година анализирани се ситуациите од 61. и 75. минута.

Главен судија: Дејан Младеновски. Помошен судија: Владимир Ѓошевски и Владимир Арсовски.

  1. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)

По изведен удар од агол за екипата на гостите, гостинскиот играч пред да ја удри топката со глава, играчот на домаќините му се подмести со телото и го повлече за дресот спречувајки го да ја удри со глава .

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри и доделен жолт картон.

  1. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домаќините беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостите, истиот сакаше да ја центрира топката, меѓутоа играч од одбраната на гостите ја спречи топката играјќи ја со рака која му беше во неприродна положба (широко одвоена од тело).

Погрешна одлука на главниот судија, требаше да се досуди удар од 11 метри, бидејќи раката на играчот на гостите беше во неприродна положба (широко одвоена од тело). Во оваа ситуација главниот судија не е поставен добро и затоа не го гледа играњето со рака на одбранбениот играч.

  • Во продолжение целосното соопштение на ФК Воска Спорт:

„Клубот ФК Воска Спорт секогаш се обидуваше да се воздржи и да не реагира на судењето, но последниот случај на натпреварот против Кожуф, каде нашиот тим беше директно оштетен од главниот судија Дејан Младеновски, не принуди да побараме отчет од Судиската Комисија, но и директно од главниот судија. Последниов, иако во 75. минута од дуелот против Кожув беше многу блиску до целата настаната ситуација, не се осмели да покаже на белата точка. (тоа го потврдуваат и анализите направени од ваша страна – ФОТО 1):

Изаир Емини се обиде да соработува со еден од своите соиграчи во нападот, но еден од гостинските фудбалери играше со рака која му беше во неприродна позиција, предизвикувајќи чист пенал, но истиот не беше досуден. Во оваа прилика јавно го прашуваме судијата Дејан Младеновски, што има против екипата на Воска Спорт, поточно семејството Младеновски, што имаат против албанскиот тим од Охрид. ПОТСЕТУВАЊЕ – Натпреварот од 11-та коло против Кожуф заврши со бројки 2:2, со што евентуално ни ускратија уште два бода кои на крајот може да не чинат во трката за првите две места во Втората Лига.

Зошто семејството Младеновски ? Потсетување – братот на Дејан Младеновски, Марјан, на 1 октомври во натпреварот од 6-то коло против Пелистер во Битола влезе во историјата на домашниот фудбал, но можеби и поширок, анулирајќи 3 гола. Ако првиот гол на Бехар Фета постигнат во првото полувреме со право беше поништен од Марјан Младеновски и неговите помошници, истото не може да се каже и за поништените голови на Вахи Мурати и Изаир Емини во вториот дел. (тоа го потврдуваат и анализите направени од ваша страна – ФОТО 2):

ПОТСЕТУВАЊЕ – Натпреварот против Пелистер во Битола заврши нерешено со резултат 1:1, со што евентуално ни ускратија уште два бода кои на крајот може да не чинат во трката за првите две места во Втората Лига.

Ова се двата случаи од оваа сезона, но нашето прашање што има семејството Младеновски против тимот на Воска Спорт добива уште поголема тежина ако се вратиме на претходното издание, кога Марјан Младеновски на 05.03.2022 година на натпреварот против Тетекс ни поништи чист гол постигнат од страна на Аљтин Лога на натпреварот одигран на стадионот со синтетичка трева во Тетово.

И тој натпревар заврши со нерешено 1:1, со што ни одзеде два бода и директно влијаеше на конечниот пласман во сезоната 2021/2022 во Втората лига.

Грешки во судењето имало и ќе има и во иднина, и за тоа ние како клуб сме свесни и ги прифаќаме, но трите горенаведени случаи, а особено двата случаи од ова издание, влијаат директно на напредокот, целите и состојбата на тимот во продолжение на првенството.

Ние како клуб бараме да се стави прст на одредени судии и тие да бидат казнети од судиската комисија при ФФМ, во спротивно доколку тоа не се случи тогаш и тие може да се сметаат за соучесници на ова дело против екипата на Воска Спорт.

Ние како клуб не сакаме да веруваме во ова второто, па се надеваме дека оваа наша реакција, но и на другите албански клубови, Струга Трим Љум, Шкендија итн., ќе се одрази на оваа Комисија со желба дека во иднина ваквите грешки намерно или ненамерно нема да се повторуваат“, се вели во клупското соопштение на Воска Спорт.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!