ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФК Слога 1934 Виница: Клубот е изреволтиран од односот и доделената сума на ваучерот од АМС

Многу клубови реагираат по објавувањето на ваучерите од страна на Агенцијата за млади и спорт. Некои од клубовите реагират бидејќи имаат многу помала сума, но некои реагираат и поради тоа што воопшто немаат добиено ваучер за 2022 година.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВИЛА / ХОТЕЛ <<<

Претходно Спортска Мрежа ја објави реакцијата на третолигашот Македонија од Враништа, овој клуб не доби ваучер, а вечерва и второлигашот Слога 1934 Виница излезе со реакција во однос на ваучерот што го доби од АМС.

Целосното соопштение на ФК Слога 1934 Виница во однос на ваучерот:

„ФК Слога 1934 Виница е изреволтирана од односот и доделената сума на ваучерот од АМС, имено нашиот клуб кој што моментално е на делба на првото место во 2МФЛ-Исток, клуб кој што ланската сезона беше еден од поуспешните во втората лига и клуб кој што располага со сите младински категории, комплетна инфраструктура, потоа комплет стручен штаб со сите потребни лиценци, Доктори, Физиотерапевти, Масажери итн. клуб кој е во нагорна линија и располага со сите потребни услови за еден современ клуб мислеме и сме убедени дека заслужува поголема сума од доделената од 750,000 ден. Иако некои клубови кои имаат добиено поголема сума од нашата а истите имаат послаби резултати, немаат соодветна инфраструктура,немаат комплетен стручен штаб и сл. а се третираат со посебни услови и критериуми. Исто така сакаме да напоменеме дека во изминатата сезона во нашиот клуб играа и младински репрезентативци, нашите натпревари беа проследува и на неколку локални и регионални ТВ, на ФФМ платформата како и на интернет што беа едни од поважните критериуми за бодови за овој ваучер не беа земени во предвид. Со ваквите потези и од ракав доделени ваучери ќе згаснат и тие малку клубови кои се во истокот а со тоа и воопшто спортот. Жално ама вистинито револтот е голем не само кај нас и кај многу екипи кои мислиме ќе не подржат во овој наш револт.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!