ФК Слога 1934 Виница: И покрај сите препреки што ни се случија, утре настапуваме уште посилни, бидејќи сме фамилија!

Фудбалерите на Слога 1934 од Виница почнаа со предупредувачки штрајк, поради доцнењето на февруарската плата. Управата заедно со стручниот штаб и играчите по одржаниот состанок донесе одлука да се продолжи со тренирање и да се одигра утрешниот натпревар против радовишки Детонит на домашен терен.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Од клубот, за Спортска Мрежа велат дека утре ќе настапат уште посилни, за нови победи и прво место на табелата.
„И покрај сите препреки што ни се случија оваа недела, утре ќе излеземе на терен уште посилни и храбро ќе се бориме за нови победи и прво место на табелата. Сите оние кои мислат дека клубот ќе згасне, може да кажеме дека се лажат. Утре настапуваме уште посилни, бидејќи сме фамилија“, велат од ФК Слога 1934 Виница за Спортска Мрежа.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Утре во рамки на 21. коло од Втората лига – Исток екипата на Слога 1934 која е лидер на табелата, ќе го пречека составот на Детонит, кој се бори за опстанок во второлигашкото друштво.